Кошничка

Имате 3 информации во вашата кошничка за печатење


1881 година во Малага, Шпанија, е роден Пабло Луис Пикасо, шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари, основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите "Госпоѓиците од Авињон", "Герника" и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз. Најголемиот дел од животот го помина во Париз, оставајќи зад себе голем печат врз уметноста на 20 век. Тој многу се соживеа со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и со солидарната акција за собирање уметнички дела. Тој меѓу првите се огласи, испраќајќи ја својата позната слика "Глава на жена". Умре во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера, на 8 април 1973 година.
1825 година во Виена е роден Јохан Штраус - помладиот, австриски композитор, виолинист и диригент. Тој е создавач на класичната виенска оперета во која доминира валцерот. Најважни негови дела се оперетите: "Лилјакот", "Циганскиот барон", валцерите "На убавиот син Дунав" и други. Умре во Виена, на 3 јуни 1899 година.

Дата: 10/24/2010


1786 година роден е Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент, творец на германската романтичарска опера.
1833 година во САД е прифатено стандардното сметање на времето и земјата е поделена на четири временски зони.
1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација.
1919 година во Скопје е роден Бане Ковач, еден од основоположниците на македонското новинарство и еден од првите стенографи во Македонија.
1986 година во Скопје умре Љупчо Арсов, народен херој на Југославија, од Македонија, член на АСНОМ, потпретсeдател на првата влада на ФД Македонија.
1991 година Собранието на Република Македонија го усвои Уставот. Од 120 пратеници за Уставот гласаa 92.
1993 година во Белград умре проф. д-р Светозар Бркиќ, редовен професор во пензија на Филолошкиот факултет во Скопје, познат англист.

Дата: 11/18/2010


1830 година умре српскиот писател Петар I Петровиќ Његош, митрополит на Српската православна црква кого Црквата по смртта го прогласи за светец под името Свети Петар Цетињски. Владееше без малку половина век со Црна Гора зацврстувајќи го единството на државите. Напиша голем број епски песни и „Историја на Црна Гора“.
1890 година охридското граѓанство испрати молба до Високата порта во Цариград, во која молеше да се дозволи основање на македонски училишта во градот и околината.
1910 година умре швајцарскиот хуманист Жан Андри Динан, творец на идејата за Црвениот крст, еден од основачите на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година. Добитник е на Нобелобата награда за мир во 1901 година.
1918 година престана да постои Отоманската империја. Врз основа на актот за капитулација, Турција мораше да ја распушти војската, на победниците да им пушти премин преку Црното Море, да се повлече од Арабија, Месопотамија, Сирија, Ерменија и делови од Килики. и да се дозволи наставата во училиштата да се изведува на македонски јазик.
1945 година Индија стана член на Организацијата на Обединетите нации.
1994 година граѓаните на Република Македонија по вторпат излегоа на гласање во рамките на вторите повеќепартиски избори.

Дата: 10/29/2010