Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


1791 година во Виена умре Волфганг Амадеус Моцарт, голем австриски композитор, автор на повеќе музички дела со кои даде печат на совршенството и на неповторливиот личен израз.
1848 година во цела Америка почна „златната треска“ откако американскиот преседател Џемс Полк објави дека во Калифорнија е пронајдено злато.
1901 година во Чикаго е роден Волт Дизни, познат северноамерикански цртач и филмски продуцент, творец на модерниот цртан филм.
1926 година умре францускиот сликар Клод Моне, еден од основачите на импресионизмот.
1990 година во Скопје е регистрирана политичката партија Балканска федерација - Балкан без граници, со седиште во Скопје. За претседател е избран Димитар Даскалов.
1995
година шефот на шпанската дипломатија Хавиер Солана официјално ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО, како прв Шпанец на чело на западниот воен сојуз.
1996
година претседателот на САД Бил Клинтон за министер за надворени работи (државен секретар) ја назначи Медлин Олбрајт, прва жена на таа функција во американската историја.

Дата: 12/5/2010


1940 година во Ленинград умре Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла, општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог. Додека пак во 1990 година во Скопје, на Градските гробишта „Бутел“, точно на 50-годишнината од смртта, беа положени посмртните останки на Димитрија Чуповски, кои на 29 јуни 1990 година беа пренесени од Санкт Петербург, каде што умре на 29 октомври 1940 година.
1944 година во селото Горно Врановци, Велешко, излезе првиот број на весникот "Нова Македонија" на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје.
1975 година во Скопје умре Ристо Крле, македонски писател и драматург. Неговото дело има големо значење за македонската драмска литература.
1993 година прифатена е нотификацијата на Република Македонија со која се пристапува кон Виенската конвенција за патниот сообраќај од 1968 година. Тоа значи дека возилата регистрирани во Република Македонија од овој датум ја носат ознаката „МК“.

Дата: 10/28/2010