Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


1689 година по наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.
1961 година Шведската академија му ја додели Нобеловата награда на Иво Андриќ за книжевност.
1995 година во Скопје умре Киро Поповски, претседател на Собранието на Република Македонија. Роден е во селото Вратница, Тетовско, на 13 април 1942 година.

Дата: 10/25/2010