Кошничка

Имате 3 информации во вашата кошничка за печатење


1689 година по наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.
1961 година Шведската академија му ја додели Нобеловата награда на Иво Андриќ за книжевност.
1995 година во Скопје умре Киро Поповски, претседател на Собранието на Република Македонија. Роден е во селото Вратница, Тетовско, на 13 април 1942 година.

Дата: 10/25/2010


1917 година родена е Индира Ганди, претседател на индиската влада од 1966 до 1975 и од 1980 до  31 октомври 1984 година кога е убиена пред нејзината резиденцијата во Њу Делхи, од страна на тројца припадници на најзината лична гарда.
1920 година во Битола е роден Бранко Зарески, македонски поет, критичар и еден од доајените на македонското новинарство. Умре во Скопје, на 4 мај 1979 година.
1946 година во Париз е отворена првата конференција на УНЕСКО (специјализирана агенција на Обединетите нации за образование, наука и култура).
1969 година моделот на американскиот вселенски брод „Аполо 12“ со астронаутите Чарлс Конрад и Ален Бин се спушти на Месечината.
1991 година пратениците на Собранието на Република Македонија едногласно донесоа Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава.
1998 година конституирано е третото (второ по осамостојувањето) Собрание на Република Македонија. За претседател е избран Саво Климовски.
2004 година умре британскиот научник Џон Вејн, кој во 1982 година ја доби Нобеловата награда за медицина за откривање на начинот на делување на аспиринот.

Дата: 11/18/2010


1875 година роден е Димо Хаџи Димов, голем македонски револуционер, идеолог и автентичен теоретичар на македонската национал-ослободителна мисла.

Дата: 10/21/2010