Заменик директорот на Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија, Измит Нура оствари средба со заменик директорот на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија г-дин Иљми Сељами, каде на средбата се разговараше за попишувањето на дијаспората и за соработката помеѓу двете институции за зголемување на ефикасноста и ефективноста во развојот на попишувањето на дијаспората. Заменик директорот Нура ја имаше честа и во знак на благодарност му ја подари на господинот Сељмани „Граматиката на албанскиот јазик ” , издадена од Агенцијата за иселеништво, специјално изготвена и наменета за потребите на иселеништвото. Г-дин Нура апелираше до албанската дијаспора од Република Северна Македонија, клубовите и иселеничките друштва да се вклучат во попишувањето на населението и исто така да се промовира што е можно повеќе попишувањето на населението во дијаспората.