Започнува чистењето на главната сообраќајница во Крушево
Започнува чистењето на главната сообраќајница во Крушево. Овва активност доаѓа како редовна по одржувањето на улиците во зимски услови.
– Започнуваме со чистење на главната улица во градот каде што се расфрлаше голема количина на ризла и сол при наносите на снег. Во наредните неколку дена ќе продолжиме, а од петок ќе ни се приклучи ТППЕ Крушево во миење на улиците, посочи в.д. директорката на „Комуна“, Станка Ефремова Трајкоска.
Директорката на „Комуна“ одблиску ја следела работата на терен затоа што, според неа, чистотата е една од најважните делови на работа на претпријатието.