Ви овозможуваме да имате своја web страна



Назад



СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ СО ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО



Денеска, во својот кабинет, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, оствари работна средба со Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски и раководителот на Секторот за одржување и унапредување на врските со иселеништвото, информирање и културен развој на иселениците, Билјана Костова.

На средбата е разговарано за иницијативите и можностите за соработка помеѓу Агенцијата за иселеништво и Општина Берово, во насока на интеграција на иселениците во јавниот економскиот и културниот живот, размената на информации, како и за можноста за инвестиции.

Градоначалникот Пекевски информираше за различни иницијативи од културен аспект што општината ги реализира, за општинските услуги во сферата на социјалната заштита, како и можностите за развој и инвестиции, особено во делот на туризмот.

Директорот Близнаковски упати на иницијатива за системска соработка со општините, преку споделување на информации и нивна презентација пред иселеничките поединци и организации во светот, со цел нашите иселеници, да бидат информирани што се случува и секој да може да ги пронајде потребните информации.

Во рамки на средбата, посебен акцент е ставен на потребата од унапредување и продлабочување на соработката со иселениците.

 

 

 

 

1319 посети
3/1/2021



123 movies
google maps embed iframe generator