Агенцијата за иселеништво организира настава од далечина по македонски јазик, преку една од познатите интернет платформи.
Наставата ќе ја води дипломиран професор и истата ќе биде организирана на почетно и напредно ниво, согласно степенот на владеење на јазикот од страна на пријавените ученици.
Возраста на учениците треба да е од 7 до 16 години.
Оваа година наставата ќе биде наменета за ученици кои живеат во држави каде нема организирана настава по мајчин јазик од страна на Министерството за образование и наука и тоа: Австрија, Англија, Италија и францускиот дел од Швајцарија.
Ве молиме заинтересираните ученици да се пријават на официјалната интернет адреса на Агенцијата за иселеништво: info@minisel.gov.mk
Наставата ќе трае од март до крајот на декември, притоа спазувајќи ги паузите за време на празниците и летниот распуст. По завршувањето на курсевите, ќе се доделат дипломи за завршен почетен или напреден курс.
Со детални информации за почетните термини на наставата и линк од платформата ќе ве информираме дополнително, по формирањето на групите.