Ви овозможуваме да имате своја web страна



Назад



Летната школа за изучување на мајчин јазик беше организирана online



За прв пат во работењето на Агенцијата за иселеништво, Летната школа за изучување на мајчин јазик во период од 27.07.2020 година до 31.07.2020 година беше организирана online. На оваа Летна школа учество земаа 41 ученик, од нив 20 следеа почетен курс и 21 следеа напреден курс. Со оглед на тоа дека платформата беше отворена, бројката на ученици се зголеми, што покажува на голем интерес и успешност на проектот. Двете наставнички Ана Смилевска и Аниса Трпчевска професионално и одговорно ја извршија дадената задача.
На оваа Летна школа настава следеа деца од следните држави: Германија, Шведска, Швајцарија, Холандија, Франција, Италија, Австрија, Србија, Хрватска, Австралија и САД (Мичиген и Флорида). Учесниците ќе се стекнат и со сертификат за завршена Летна школа по мајчин јазик.
Со сигурност можеме да заклучиме дека се реализираше успешно уште една Летна школа за децата во дијаспората.

1222 посети
2/21/2021



123 movies
google maps embed iframe generator