Ви овозможуваме да имате своја web страна



Назад



СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА



 Согласно надлежноста на Агенцијата за иселеништво за помагањето на културниот развој на иселениците од Македонија, Агенцијата за иселеништво преку вклучување во Програмата на Струшките вечери на поезијата, доделува награда за поетите иселеници од Македонија.

За таа цел Ве замолуваме да ги известите членовите на Вашата организација кои се занимаваат со пишување поезија и кои имаат издадено книга, да се пријават во Агенцијата за иселеништво.

Книгите со кои ќе се конкурира ќе бидат оценети од страна на стручното жири на Струшките вечери на поезијата, а наградата за поетите иселеници од Македонија ќе ја додели Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. Поетите можат да конкурираат и со постари дела.

Заинтересираните поети, иселеници од Македонија, своите дела треба да ги испратат во Агенцијата за иселеништво до крајот на месец јуни

Доделување награда
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, ја додели наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од поет иселеник од Македонија при Струшките вечери на поезијата. Добитник на оваа престижна награда е Наум Трајчески од Квинбијан, Австралија, претседател на Литературното друштво „Ванчо Николески“ од Квинбијан и долгогодишен член на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Награда „Стојан Христов“ секоја година Агенцијата за иселеништво ја доделува на поет иселеник од Република Македонија, кој со своето творење прави промоција на македонската култура, јазик и земја.

1217 посети
2/21/2021



123 movies
google maps embed iframe generator