Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


- Светски ден на борба против СИДА-та- Национален празник на Романија

1640 година Португалија по востанието со кое е отфрлена шпанската власт повторно се стекна со независност,
1813 година Русија, Прусија и Австрија се согласија да извршат инвазија врз Франција, бидејќи Наполеон одговори неодредено на мировните услови на сојузниците. 
1935 година роден е американскиот филмски глумец и режисер Ален Стјуарт Кенигсберг, познат како Вуди Ален, обновувач на холивудската филмска комедија во седумдесеттите години од 20. век.
1943 година во Дебарца излезе првиот број на весникот "Братство", орган на Првата македонско-косовска НОУ бригада.
1995 година Хавиер Солана, е избран за генерален секретар на Атлантската алијанса. Во Брисел, амбасадорите на НАТО, постигнаа договор за назначување на Солана, како наследник на Вили Клас.

 

Дата: 11/30/2010