Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


1520 година Португалскиот морепловец Фернандо Магелан, вплови во Пацификот, минувајќи низ јужноамериканската теснина која денес го носи неговото име.
1820
година во Бармен, Прусија, роден е Фридрих Енгелс, англиски револуционер, филозоф, социјалист и научник, соработник на Карл Маркс.
1905
година Ирскиот националист Артур Грифит во Даблин ја основа партијата „Шин фејн“, чија главна задача беше борбата за осамостојување на Ирска од Велика Британија.
1907
година во Рим е роден писателот Алберто Моравија (вистинското презиме му е Пинкерле). Светска слава постигна со романите во кои го обработува моралното раслојување на италијанската буржоазија.
1943
година во Техеран почна конференцијата меѓу претседателот на САД Рузвелт, британскиот премиер Черчил и советскиот премиер Сталин.
1997
година во Скопје, свечено е отворена Амбасадата на Австрија во Република Македонија.
2001
година во Скопје умре Божидар Тодоровски - Бодле, македонски поет, сликар и режисер. Автор е на книгите поезија „Бумеранг“, „Неспогодби“, „Сонетен венец на непризнатите“, „Диво коњче“, „Горчлива нафора“ и „Боемски уроци“.

Дата: 11/27/2010