- Меѓународен ден против потрошувачка грозница.
1942 година роден е американскиот рок пејач, гитарист и пишувач на песни од африканско потекло Џими Хендрикс, еден од најпопуларните музичари во светот во шеесетите години на 20. век.
1993 година во Крањ, во Словенија, во Основното училиште „Франце Прешерн“ почна наставата на македонски јазик за македонски деца од предучилишна до средношколска возраст, државјани на Република Словенија.
1996 година во Скопје умре проф. д-р Димко Кепески, еден од основачите на Клиниката за ортопедски болести во Скопје.
1997 година во Брисел, со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија.
2001 година НАСА соопшти дека вселенскиот телескоп „Хабл“ откри атмосфера на една планета 150 милиони светлосни години од Земјата, што претставува прво директно откритие на атмосфера надвор од нашиот Сончев систем.
2005 година доктори во Франција први во светот изведоа делумна трансплантација на лице врз пациентка на која и беше изобличено лицето од напад на куче.
|