Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


1894 година умре рускиот композитор и пијанист Антон Григоријевиќ Рубинштајн, основач на Конзерваториумот во Петроград, еден од најголемите пијанисти на 19. век.
1906 година во Велес е роден Живко Фирфов, македонски етномузиколог, композитор, музиколог, диригент и музички деец.
1910 година умре рускиот писател Лав Николајевич Толстој, еден од најголемите книжевници во историјата.
1916 година во Дебар е роден Васил Куноски, македонски писател.
1925 година родена е руската балерина Маја Михајловна Плисецкаја, која го спои традиционалното руско кореографско школо со модерните текови на рускиот балет.
1959 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца.
1970 година Излезе првиот број на "Екран", како неделен колор прилог на весникот "Нова Македонија" за ТВ, филм, радио и естрада.
1991 година во Скопје, во Собранието на Република Македонија, свечено е прогласен Уставот на Република Македонија, усвоен на 17 ноември 1991 година.
1995 година Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната Хелсиншка Федерација, беше речено на Годишното собрание на Меѓународната Хелсиншка Федерација во Истанбул.
1999 година Кина го лансираше својот прв вселенски брод без човечки екипаж.
2006 година умре американскиот режисер Роберт Алтман, автор на популарните филмови како што се „МASH“, „Нешвил“, „Играч“, „Кратки резови“, „Канзас сити“.

Дата: 11/19/2010