1786 година роден е Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент, творец на германската романтичарска опера.
1833 година во САД е прифатено стандардното сметање на времето и земјата е поделена на четири временски зони.
1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација.
1919 година во Скопје е роден Бане Ковач, еден од основоположниците на македонското новинарство и еден од првите стенографи во Македонија.
1986 година во Скопје умре Љупчо Арсов, народен херој на Југославија, од Македонија, член на АСНОМ, потпретсeдател на првата влада на ФД Македонија.
1991 година Собранието на Република Македонија го усвои Уставот. Од 120 пратеници за Уставот гласаa 92.
1993 година во Белград умре проф. д-р Светозар Бркиќ, редовен професор во пензија на Филолошкиот факултет во Скопје, познат англист.
|