Исус распнат на крст, му остануваат уште неколку часа од животот. Свети Петар седи пред крстот. Исус му вели:
- Петре, приближи се да ти кажам нешто...
Тргнал Петре но стражарите му рекле дека ако направи само еден чекор ќе му ги отсечат нозете. Петар се замислил:
- Тоа се последните зборови на учителот, не можам да не идам...
Се приближил и стражарите му ги отсекле нозете.
- Петре-е-е-е бе, приближи се да ти кажам нешто... – повторно го вика Исус.
- Ако пробаш да се приближиш ќе ти ги отсечеме и рацете. – рекле стражарите.
Петар сакал да ги слушне последните зборови на учителот и се приближил. Стражарите му ги отсекле рацете...
- Петре-е-е-е, приближи се. – повторно го повикал Исус.
Свети Петар веќе немало што да изгуби и се довлекол пред крстот.
- Кажи учителу мој... -
Петре бе, знаеш дека од овде се гледа твојата куќа...
|