Вести од нашите
родни краеви



Назад



Библиотеката „Илинден“ во Делчево со нов инвентар



Проложуваат инвестициите во инвентар во делчевската библиотека ЈЛБ „Илинден“. Деновиве се монтираат нови полици за книги кои се сместени по должината на ходникот кој е и влез во библиотеката. Како што истакна директорката на ЈЛБ „Илинден“, Билјана Петровска, оваа инвестиција е неопходна , бидејќи со неа се овозможува достојно чување и изложување на насловите кои досега биле чувани во несоодветни услови.

-Ја започнуваме реализацијата на програмата за инвестиции за оваа 2021 година. Активностите и инвестициите се во насока библиотеката да биде пофункционална и уште подобро и организирана. Еден од тиа планови деновиве се реализира. Библиотеката минатата година постави нови полици за книги од едната страна на ходникот на влезот во библиотеката, а деновиве се поставуваат нови полици и од другата страна.Потребата за нови полици е повеќе од неопходна со оглед на тоа што сè уште има огромен број книги кои се чуваат во таванските простории, каде и нема соодветни услови за чување на книгите. Со новите полици самиот ходник доби нов лик, многу поубав, пофункционален и попрактичен, истакна Петровска.

Во ЈЛБ „Илинден “ во тек е и пописот на книжниот фонд, по што насловите ќе го најдат своето место на новите полици. За оваа 2021 година е планирана монтажа и на нови полици и во читалната, како и преуредување на затворената тераса на библиотеката, каде старите полици ќе бидат заменети со нови, модерни.

– Ако се земе предвид фактот дека библотеката ги набавува сите нови и актуелни наслови што значи дека секојдневно пристигнуваат нови книги, новиот инвентар е и повеќе од неопходен, истакна Петровска.

858 посети
3/5/2021



123 movies
google maps embed iframe generator