Вести од нашите
родни краеви



Назад



МАЈА КАСТРАТОВИЌ



 Професор, успешен пијанист и една од некол-куте македонки кои дипломирале на престиж-ниот московски конзерваториум „Петар Илич Чајковски”, за своите постдипломски студии во класата на професорот Борис Романов, како и за нејзината улога како професор по пијано во Словенија. Инспиративната приказ-на на Маја Кастратовиќ.

1. Родени во Скопје, вљубеник во уметноста, дипломиран пијанист на престижниот Московски конзерваториум „Петар Илич Чајковски”, a постдипломските студии ги завр-шивте на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Борис Рома-нов. Од каде желбата за уметноста и што таа за вас значи?

Уметноста за мене е неопходна како воздухот што го дишам. Да, истражувам, креирам, интер-претирам односно да го споделувам тоа со пуб-ликата. Размената на таа енергија за мене е од непроценливо искуство.

2. На што ве научи професорот Романов додека студиравте?
Јас ја имав таа можност да бидам во неговата класа на постдипломски студии. Исклучително драгоцен професор, охрабрувајќи ме да концер-тирам и покрај тоа што голем дел од времето го посветував на голем број мои ученици. Јас мис-лам дека сите во неговата класа се чувствував-ме како дел од едно големо среќно семејство. Ја имаше таа топлина и разбирање која е многу важна во нашето креирање и секогаш несебич-но го делеше своето знаење. Тогаш толку многу потребната сигурност на сцената ја осетив ра-ботејќи со него. Благодарна до небо и ден денес.

3. Како е да се студира дома и во странство, постои ли разлика, со што се соочивте додека студиравте во Русија?

Мојата професорка Слаѓана Јовановиќ од МБУЦ ми даде голема поддршка да го продолжам своето школување во Москва. Тоа многу ми значеше и пресудно влијаеше да се определам за професијата со која денес се занимавам. Се-како дека е дома многу поудобно, но Москва за мене претставуваше голем предизвик. Се најдов меѓу мнозина млади талентирани пија-нисти од цела Русија и токму тоа додатно ме поттикна да се борам и да дадам секогаш по-веќе од себе. Не ми беше лесно, сепак да треба повторно, би го избрала тој пат.

4.Што од вас бара работата како пијанист, кои се предности и слабости со кои се соочивте на вашите почетоци?

Тоа бара постојана посветеност како на инструмен-тот така и на музиката воопшто. Во тоа гледам го-лема предност бидејќи постојано сум во креативен процес. Таа енергија ме прави среќна. Да бидам на сцената и да имам можност да го споделам својот свет со публиката е голема привилегија. Таа синер-гија што се создава помеѓу интерпретацијата и слу-шателите е за мене големо богатство.

5. Од 2001 година живеете и работите како коре-петитор и професор по пијано во Словенија, зошто решивте да заминете од тука?
Поканата да работам во Словенија дојде сосема случајно, но ја прифатив, затоа што бев повторно подготвена за нови предизвици, но Македонија за мене остана мојата земја која што ја посетувам се-когаш кога ќе ми се укаже можност, а тоа е често. Еве деновиве добив покана за учество жири на нат-превар по пијано.

6. Како професор и педагог на што ги учите вашите ученици и воедно што барате од нив?

Пред се сакам да се чувствуваат убаво, вредно... Са-кам да ги внесам во извонредно волшебниот свет на музиката. Да се обидеме заедно да го открие-ме тој свет. При тоа, дисциплината е многу важна. Исто така и упорноста да се истрае и покрај некои неуспешни настапи од кои најповеќе се учи. Ги учам колку е важна комуникацијата со другите музичари и други уметници, активно да ги следат и другите уметности. Да посетуваат концерти од кои што ќе добијат додатна инспирација. Многу сакам концерт-ните сали да бидат полни со млади, на кои што све-тот останува.

7. Постојано сте активна имате голем број на со-листички концерти низ светот како и настапи со камерни ансамбли и оркестри, често сте дел од музичките фестивали во Шпанија, Италија, Белгија, Албанија, но и во други европски земји. Како се подготвувате за овие настапи? Имате ли некој посе-бен начин на подготовка? Ве посетуваат ли вашите ученици на вашите концерти?

Одвојувам повеќе време и вложувам повеќе напор за подготовки. Тогаш концертот ми е приоритет, што не значи дека ги запоставувам своите ученици.

Да, за моја среќа многу често моите концерти ги по-сетуваат ги посетуваат моите ученици. Исто така ме радува кога ме посетуваат поранешни ученици во училиштето и оние што продолжиле да се занимава-ат со музика, како и оние што не одбрале музиката за своја професија.

8. Од каде ја црпите вашата енергија. Што ве води напред во реализацијата на вашите активности?
Од длабоката потреба да сум дел од тој бесконечен свет на ритамот, звуци, бои. Неодамна ја напишав својата прва композиција. Можеби ќе продолжам да се изразувам на тој начин.

9. И за време на реализацијата на ова интервју, вие бевте во постојано движење и договаравте идни активности. Ќе и откриете ли на јавноста кои се ва-шите идни планови?

Ме очекува настап со соло пејачка во месец ноем-ври во Словенија. Проект по повод годишнината на раѓањето на композиторот Хуго Фолф, како и сни-мање на неколку негови композиции на клавир. Натпревари со учениците и учество во жири. Раз-мислувам да покренам иницијатива за мал фести-вал на камерна музика.

10. Што ќе им порачате на сите кои го читаат ова интервју?
Би сакала, да одвојат од своето секојдневие малку повеќе време за класичната музика, бидејќи е израз на продлабочена духовност.

1472 посети
2/1/2021



123 movies
google maps embed iframe generator