Вести од нашите
родни краеви



Назад



БИЛЈАНА ЈУРУКОВСКА



 Големата страст за сликовито документи-рање на племенските луѓе и нивниот уника-тен начин на живот. Нејзината фотографија на ловец по име Салиукан и неговиот златен орел во Монголија, се најде на страниците на списанието „National Geographic”, како слика на денот. Билјана Јуруковска, Македонката од Сиднеј реди успеси еден по друг.

1. Родени сте во Прилеп, а своето средно и високо образование го завршувате во Битола, по тоа маги-стрирате во Австралија, од каде желбата и потре-бата да заминете во Австралија?
Средното медицинско и Вишата медицинска шко-ла ги завршив во Битола,а по тоа во Австралија продолжив на магистратура за Менаџмент на здравствени установи. Во Австралија имавме шан-са да заминеме, бидејќи мојот сопруг е роден таму и извесен период има живеено, но на мали години е вратен тука се додека не се решиме да појдеме и да пробаме да живееме таму.

2. Од каде желбата и инспирацијата за фотографирање?
Од мали години бев премногу креативна и љубо-питна и секогаш мечтаев уште како дете да одам на далечни места што не се туристички дестинации. Желбата се појави кога прв пат ја посетив Индија пред 10 години и толку бев фасцинирана од бои-те, хаосот и самиот начин на живот во Иднија. И тогаш размислував како би било интересно сето тоа да се долови и прикаже преку фотографија. Се-пак клучниот момент беше пред некои години кога дојдов до една книга од познат фотограф Jimmy Nelson, а книгата е се викаше „Пред да исчезнат”. Имаше посебна слика што ми остана во сеќавање и тоа беше еден стар домороден човек кој беше наките со рогови од животни, а во рацете држеше пушка и до него имаше две мали деца со исцртани лица. Таа фотографија ме направи толку љубопит-на и почнав и самата да се прашувам : Да се уште има луѓе што живеат вака, каде се, како може да се дојде до нив … и безброј други прашања на кои одговорите ги откривам и ден денес со моите патувања.

3. Што за вас значи фотографирањето и самата фотографија?

Имам огромна љубов и пасија за фотографијата , но сепак сум до некој степен и ограничена кој вид на фотографија би можела да ги работам. Мојот интерес е премногу специфичен и сум ориентирана на култура, традици, домородни луѓе и најнов начин на живот и портрети. Фотогра-фијата ја гледам како начин за комуникација со други народи и култури и пренесуванње на таа убавина. Во исто време фотографијата, а и местата што ги посетувам ги гледам како предизвик на едно стеротипно раз-мислување што е поврзано со традиционалното размислување дека е претежно за припадниците од машкиот пол.


4. Работите како извршен менаџер во The Aged Care Industry Association

што за вас значи оваа работна позиција, како ја надополнувате со фотографирањето?
Работната позиција си е поврзана со одговорност што е во ред, но прем-ногу ми е важно да имам еден баланс во животот. Работам неколку месе-ци и по тоа мора да се исполнам и да ја задоволам креативната страна, па така заминувам на фотографски експедиции па по тоа имам барем некој месец да работам на фотографија откако ќе се вратам. Самата ра-бота ми дава можност да си ги спонзорирам моите патувања, така што и таа ми е премногу важна.


5. „Тhe Eagle Hunter“ заврши на „National Geographic“ Избрана за Фотогра-

фија на денот од „National Geographic“ воедно е објавена во многубројни списанија, меѓу кои и „Sydney Morning Herald“ и „Art Ascent – international journal of art“ како и добитник на фотографската награда Heritage Bank, како дојде до реализација на оваа фотографија, што ве поттикна за да ја направите?

„Тhe Eagle Hunter“ е фотографија на која е сликан ловец со орел што жи-вее во Монголија. Во 2016 година бев на фотографска експедиција во Молдавија, во местенце блиску до Казакстан и останав со фамилијата на човекот кој е на сликата. Секој ден одевме заедно додека го тренираше неговиот орел да лови и воедно да се подготвува за познатиот Golden Eagle Festival што се случува секоја година во октомври месец. Самата фо-тографија излезе спонтано без некое планирање.


6. Каде се имате патувано и фотографирано? Кој од фотографиите ви е во посебно сеќавање?
Па видете имам патувано на многу дестинации, но некои од поинтересните се Етиопија ( веќе три пати одам таму), Ангола, Монголија, Индија, Непал, Кина, Куба, Мексико, Нов Зеланд и се разбира многу земји од Европа. Африка и Индија ми се едно од најомилените дестинации за фотографирање.


7. Фотографијата „Tribal Allure“ претставена во „Тhe Guardian“. Влезе во уредничкиот избор на „Guardian“ и почнувајќи од 28 декември, ќе биде искористена за промоција на прес-кампањата на „British Journal of photography“. Фотографии од ова портфолио веќе се влезени во најтесен избор во категоријата Пату-вања и луѓе, за наградата „Австралиски фотограф на 2018 година“, чии конечни резултати ќе бидат обја-вени во февруари идната година, што очекувате од овој настан?

Фотографиите од портфолиото „Tribal muses” веќе има земено многу награди и во 2019 година некои одат на изложба во Барселона и Берлин. Точно влезени се во најтесниот круг на Австралискиот фо-тограф - Патувањ и луѓе, а за очекување искрено ка-жано немам размислувано, затоа што во моментов сум премногу ангажирана со припреми за други екс-педиции и за истите треба да дознаам за некој ден.


8. Фотографирате и во вашата татковина, што ве инспирира и што сакате да фотографирате кога сте тука?

Искрено ме инспирираат традициите и обичаите, на пример го имав сликано Вевчанскиот карневал, а на лето би сакала да ја сликам Галичката свадба.


9. Што ново изучувате на патувањата каде одите да фотографирате, кое од патувањата ви остави до сегa најголем впечаток?

Што би рекле секое патување, ново доживување и секое едно ти остaва различни впечатоци затоа што сe среќавам со различни култури и начини на жи-вот. Со секое патување станувам побогата со нови пријателства и познанства. Некои од работите кои ги имам научено e дека мора да бидеш подготвен да прифатиш да се адаптираш.


10. Кои се вашите идни планови, што е следно на распоредот за фотографирање?
Следно патување е Етиопија, но овој пат ги посету-вам повеќе различни домородни племиња. Имам планови за самостојни изложби и се надевам дека ќе се случат во во 2019/2020 година. Самите излож-би земаат месеци на припреми и ќе имама доста работа за истите.

1042 посети
1/29/2021



123 movies
google maps embed iframe generator