Интервју со Трајче Панов- професор по политички науки
Своите студенти ги учам секо-гаш да размислуваат
„out of the box”
да се стремат кон повеќе, да из-лезат од својата комфорна зона, бидејќи тоа е единствениот на-чин за личен напредок ,,
Трајче Панов, доктор по по-литички науки, постдоктор-ски истражувач на одделот за компаративна политика при уни-верзитетот во Берген, град во Норвешка.
1. Кога ќе се прочита вашата биографија, можеме како читатели да заклучиме дека млад човек како вас има многу постигнато во областа на политичките науки. Како се одлучивте да студирате политички науки по завршувањето на средното училиште Раде Јовчевски-Корчагин?
Страста и големиот интерес за општествените феноме-ни беше клучниот фактор да се одлучам да студирам политички науки. Одлуката воопшто не беше едностав-на. Корчагин е најголемата фабрика на идни електро-ин-женери и математичари и очекувањата беа дека и јас би требало да продолжам по тој пат, особено затоа што имав афинитети и кон природните науки. Сепак, пасијата за проучување и разбирање на општествените пробле
ми, меѓународната и домашната по-литика, организацијата и поделбата на власта и избирачките системи со кои индиректно се среќавав преку учебните содржини по историја, со-циологија, логика и филозофија беа клучни на крајот да се одлучам да студирам политички науки. Тогаш особено, а и денес, во Македонија не постои целосно разбирање за значењето и улогата на оваа научна дисциплина за општеството, ниту пак науката за политиката беше и е развиена доволно да ги следи свет-ските научни трендови. Желбата и моите лични афинитети, сепак, беа пресудни, и од денешна перспекти-ва, јас сум апсолутно среќен што ја направив оваа одлука. Кога човек ја следи својата страст и контину-ирано работи на усовршување, не постои можност за неуспех.
2. Своето високо образование го стекнувате на светските универзитети, покрај ова, во дел од нив и започнувате да работите. Кои висини ги постигнав-те како високо образуван политиколог?
Неблагодарно е лично да зборувам за своите виси-ни. Особено затоа што сметам дека имам уште мно-гу да учам и имам уште многу скалила да искачу-вам. Она што научив преку моето студирање на овие светски универзитети е дека знаењето е еден океан, а ние сме мали точки во тој океан на знаење. Нау-чив да се обидам со својот труд да придонесам кон осознавање на тој океан. Во овој период, најпрво се запознав, а подоцна и го усовршив користењето на квантитативните методи за анализа на политичките процеси. Научив да поставувам највисоки истражу-вачки цели и да ги употребам најсофистицираните методолошки пристапи да дојдам до нови оригинал-ни научни сознанија. Во истиот период се стекнав со две магистерски титули од Централниот европски универзитет и Европскиот универзитетски институт, специјален сертификат по изборни политики, докто-рат по политички и социјални науки од ЕУИ, и уште неколку дополнителни сертификати по методоло-гија и предавање. Искуствата на Њујорк универзи-тетот за време на моите докторски студии, како и на Харвард универзитетот после докторирањето, ми помогнаа да продолжам да се усовршувам научно и да придонесам со моите научни сознанија во рабо-тата на овие институции. На животот гледам како на процес на континуирано усовршување и сознавање на нови хоризонти и се обидувам од секое ново ис-куство да научам нови работи.
3. Во својата истражувачка работа кои политико-лошки заклучоци со радост сакате да ги пренесете на останатите?
Мојата истражувачка работа е фокусирана во облас-та на политичкото поведение (political behavior). Во мојот магистерски труд ги анализирам причините за политичка апатија, додека во својот докторски труд се фокусирам на причините за гласачка демо-билизација. И во двата случаи, анализирам сет на индикатори кои влијаат на овие процеси, со посебен фокус на однесувањето на политичките партии во изборниот и политичкиот процес. Со еден збор, се обидувам да ги разберам причините за девијации-те и имперфекциите на изборните процеси, да при-донесам со мои заклучоци зошто значаен број на граѓан(к)и не се заинтересирани да бидат политич-ки активни, зошто политичките партии, генерално во развиените демократии, губат значителен дел од своето членство. Моите заклучоци не се многу опти-мистични. Политичките партии не ги претставуваат еднакво интересите на сите граѓани, и со тоа при-донесуваат одредени групи на граѓан(к)и, особено оние најзагрозените, да се чувствуваат оддалече-ни од политичките процеси. Тие или остануваат на маргините на изборниот процес без да излегуваат и да гласаат или успеваат да бидат мобилизирани од популистички екстремни движења и партии кои се опасност за демократските процеси.
4. Европскиот универзитетски институт во Фирен-ца Италија; Централен европски универзитет ЦЕУ, Будимпешта, Унгарија; Универзитет Харвард, Кем-бриџ, Масачусетс; се образовните институции во кои го реализиравте вашето високо образование. Што ве научија студентските денови надвор од Ре-публика Македонија?
Искуствата и знаењата што ги стекнав на овие прес-тижни регионални, европски и светски универзитети се огромни. Моето обликување како политиколог е благодарение на студирањето и работењето на овие универзитети. На овие места можев да ги изучу-вам најновите теоретски и методолошки достигну-вања во областа на политичките науки во директен контакт со професори кои самите ги креирале тие знаења или ги развиле тие теоретски постулати. Можев да се сретнам и да работам во фантастични услови и да соработувам со некои од најголемите умови во областа на политичките науки. Освен на-учното усовршување, исто така преку контактот со ваквите величини во својата област, научив дека човечката скромност и срдечност се најважната од-лика со која треба да се гордееме и да ја усовршува-ме кај себе без разлика на нашите професионални достигнувања или општествен статус. Работењето и живеењето во мултикултурни и мултиетнички сре-дини ме научи да ги почитувам различностите многу повеќе и да осознавам повеќе за останатите групи, народи или култури.
5. Во периодот од септември 2014 година до август 2017 година во Фиренца, Италија работите како со-
работник истражувач во Robert Schuman Centre for Advanced Studies, со кои искуства се стекнавте во овој период?
Robert Schuman Centre for Advanced Studies е еден од водечките светски истражувачки центри и работејќи на неколку различни проекти во овој период можев да се стекнам со практично искуство и да ги иско-ристам моите теоретски знаења во реализација на оригинален истражувачки аутпут. Проектите на кои работев како што се ГЛОБАЛСТАТ, платформа што систематизира и сублимира статистички податоци за преку 120 различни економски и политички ин-дикатори во земјите во светот, ПОЛКОН, проект кој ги анализира ефектите од економската криза врз политичките процеси во европските земји, или пак ЕУиЈАС (EUandI), онлајн гласачка алатка што им по-мага на гласачите во сите 28 земји членки на Европ-ската Унија да бидат подобро информирани околу позициите на политичките партии за изборите за Европскиот Парламент и на тој начин подобро да го искористат своето гласачко право, ми овозмо-жија да ги проширам своите академски видици, да се стекнам со нови искуства и научам нови методи кои подоцна можам да ги пренесам во нови сре-дини. Така, искуството од EUandI, го пренесов и во Република Македонија преку креирање на онлајн алатките Изборен Компас Македонија 2016 и Лока-лен Избор 2017 кои им овозможија на граѓаните и граѓанките подобро да се информираат за позиции-те на политичките партии во изборните кампањи во 2016 и 2017 година.
6. Во својата богата биографија ќе запишете и период во кој ќе можете да го пренесете вашето искуство и знаење. На Универзитетот James Madison, работите како професор по креирање на политики и лобирање во ЕУ, на што ги учите вашите студенти кои се клучните нешта за изградба на од-лични политиколози аналитичари?
Работата како професор е веројатно една од најубавите работи кои човек може да ги има. Јас навистина уживав во можноста да предавам преку десетина различни предмети најмногу на Универзитетот James Madison, меѓутоа и како поканет гост предавач на Универзитетот во Фиренца, Хејнрих Хаине Универзитетот во Дизелдорф и италијанскиот кампус на Монаш Универзитетот од Перт, Австралија. Она на што секогаш инсисти-рам при предавањата е да го развијам и стимулирам критичко мислење кај студент(к)ите, да ги охрабрам да се сомневаат во се и да ги преиспи-туваат сите понудени теории. Само граѓани и граѓанки со критички разви-ена свест можат да придонесат кон подобро општество. Само студент(к) и кои копнеат кон нови знаења, можат да бидат добри аналитичар(к)и и истражувач(к)и. Се обидувам да ги мотивирам студент(к)ите секогаш да размислуваат „out of the box“, да се обидат да ги согледаат аспектите кои не им биле достапни претходно и да ги анализираат работите од различни аспекти. Ги учам секогаш да се стремат кон повеќе и да излезат од својата комфортна зона, бидејќи тоа е единствениот начин за напредок.
7. Од 1 март 2018 година па се до денес работите Одделот за компаратив-на политика при универзитетот во Берген град во Норвешка, која е вашата улога таму?
На универзитетот во Берген, работам како постдокторски истражувач на проектот „Политика на нееднаквост“ во Одделот за компаративна поли-тика. Мојата улога е да вршам самостојно истражување и да предавам на Мастер програмата при одделот. Моето истражување е фокусирано на анализа на ефектите од дигиталните нееднаквости врз процесот на прет-ставничката демократија. Со ова истражување се обидувам да ги истак-нам ефектите (позитивни и негативни) од процесот на дигитализација и растот на влијанието на интернетот во политичките процеси. Мојот аргу-мент е дека иако интернетот, на почетокот на своето појавување, беше ви-ден како огромна можноста за вклученост на голем број на индивидуалци и групи, особено оние со значително помала политичка и економска моќ, сепак езултатите од дигитализација укажуваат на опстојување и пораст на социјалните нееднаквости кои веќе постојат во општествата. Граѓани-те со повисоко образование и поголема економска моќ имаат поголеми можности да ги користат бенефитите од интернетот и да ги остварат свои-те економски и политички интереси. Политичарите и политичките партии ги претставуваат интересите на побогатите слоеви и со тоа социјалните нееднаквости само растат.
Покрај фокусот на дигиталните нееднаквости, рабо-там и на истражување за политичките нееднаквости во посткомунистичките земји со специјален фокус на Македонија. Во следниот семестар, исто така ќе предавам предмет „Демократско претставништо: Избори, Парламенти и Респонзивност“.
8. Во фокусот на вашите истражувачки интереси пред се се’ гласачко право, политички партии, поли-тичка економија и посткомунистички земји. Што ве научија резултатите од овие истражувања?
Мојата истражувачка работа се обидува да ги разбе-ре подобро причините за општествените и политич-ки девијации и имперфекции и да понуди одговори за ваквата состојба. Неконзистентноста на политич-ките партии, нивната идеолошка непринципиелност, нееднаквите можности за сите граѓани во поли-тичките и економските процеси и фаворизираната позиција на моќните и богатите во однос на сиро-машните и загрозените, само го зголемува јазот во општеството и креира нови или ги зајакнува посто-ечките политички конфликти. Тоа е посебно видливо во пост-комунистичките земји чии демократии се се’ уште кревки и се подложни на раст и развој на ав-торитарни и недемократски режими. Заедничко за сите овие политички системи е дека моќните и бога-тите ги уживаат привилегиите, додека дискримини-раните по било која основа без разлика дали е тоа економска, политичка, етничка, полова, расна или сексуална, уживаат нееднаков статус. Интензитетот на ваквите нееднаквости варира помеѓу државите, меѓутоа во различни форми е присутен насекаде.
9. Долг период сте надвор од земјата каде што сте родени и сте го стекнале средното образование. Каде сте дома во Македонија или Норвешка?
Во текот на својот живот имам живеено во шест држави и осум различни градови. Јас всушност ја напуштив Македонија поради научно усовршување и никогаш не размислував дека е тоа конечна одлу-ка. Колку и да звучи како флоскула, меѓутоа светот е мојот дом и јас сум граѓанин на светот. Во исто време, јас чувствувам како никогаш и да не сум ја напуштил Македонија. Дома е таму каде што е се-мејството, кога и да одам во Македонија, јас всуш-ност се враќам дома. Дома е таму каде што срцето секогаш отчукува забрзано, дома е таму каде што се спомените од детството, училишните сеќавања, дру-гарите и роднините. Македонија е дел од мене, дел од моите секојдневни мисли, од моите истражувач-ки проекти, но и фрустрација поради политичките и општествените збиднувања. Човек може да има по-веќе од еден дом.
10. Во моментов сте во Норвешка, имате ли сора-ботка со Mакедонците?
Во Норвешка, посебно во Берген, има многу малку Mакедонци, а пак во бројот на Mакедонци во ака-демските кругови се брои на прсти. Се обидувам да стапам во контакт со секого за кого сум слушнал дека живее и работи во Берген или на универзите-тот и со радост се среќавам со сите за кои знам дека живеат во Норвешка. Се уште, ако случајно слушнам некои луѓе на улиците по светските метрополи како зборуваат на македонски јазик, не ја пропуштам шансата да застанам и да започнам разговор со нив. Ние сме многу мала нација, бројот на македон-ски државјан(к)и во светската академија е уште по-мал, и јас секогаш со ентузијазам слушам за некој нашинец или нашинка кои студираат или работат на светските универзитети. Во доста случаи сум го споделувал моето искуство и сум се обидувал преку моите совети и искуства да им помогнат да го про-најдат својот пат.
11. Што им порачувате на сите кои го читаат ова ин-тервју?
Секогаш следете ги вашите соништа. Сонувајте го-леми работи и работете на остварување на тие со-ништа. Пречки има премногу, никогаш не е лесно, меѓутоа ако нешто навистина сакате, тогаш секогаш постои начин да ги остварите своите амбиции. Во исто време, не заборавајте да бидете луѓе. Бидете емпатични, помагајте колку можете бидејќи светот е полн со омраза, нееднаквост и неправди.