Лондон, - Британскиот златар Стујарт Хјуз, познат креатор на ексклузивни модели на електронски апарати го изработи најскапиот мобилен телефон, чија цена е осум милиони долари."Ајфон" на компанијата "Епл" со маска од розово злато, украсена со 500 брилијанти со вкупна тежина над 100 карати.Над копчето "хоум" може да се вгради или розов брилијант од 7,4 карати или проѕирен осумкаратен скапоцен камен. Логото "Епл" (Apple) напишано е со 53 брилијанти. Хјуз ќе изработи 2 такви по порачка на богати австралиски бизнисмени.