Чикаго - За првпат практично е остварен процесот на нуклеарна фисија



Назад


29 ноември



- Национален празник на Република Албанија
- Меѓународен ден на солидарноста со палестинскиот народ
1780 година умре австриската царица, чешка и унгарска кралица Марија Терезија, која во текот на владеењето од 1740 до нејзината смрт ги спроведе реформите во духот на просветниот апсолутизам, но вршеше и германизација и насилно покатоличување. 
1932 година роден е францускиот државник Жак Рене Ширак, премиер од 1974 до 1976 и повторно во 1986, а претседател на Франција од 1995 до 2007 година. 
1943 година во Јајце почна Второто заседание на АВНОЈ. Беше основан Националниот комитет за ослободување на Југославија.
1981 година умре американската филмска глумица Натали Вуд, која стана филмска ѕвезда уште како дете („Чудо на 34. улица“).
1991 година Д-р Ксенте Богоев е избран за нов претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). 
2001 година умре англискиот музичар Џорџ Харисон, поранешен член на „Битлси“, легендарната четворка од Ливерпул.
2003 година во Велика Британија му беше одобрен политичкиот азил на водачот на чеченските исламски терористи Ахмед Закајев.

567 посети
11/28/2010



123 movies
google maps embed iframe generator