1648 година Папата Инохентие X го осуди Вестфалскиот мир со кој еден месец порано заврши Триесетгодишната војна. 1855 година умре полскиот писател Адам Мицкијевич, најголем полски романтичар, чии дела се одликуваат со исклучително богат и сликовит јазик. 1922 година отворена е гробницата на фараонот Тутанкамон, која ја откри англискиот археолог Хауард Картер. 1940 година на Хитлерова заповед е создадено варшавското гето во кое есесовците протераа околу половина милион Евреи не само од Варшава, туку и од други градови во Полска, па дури и од Германија. Десетици илјади луѓе умираа од глад и од болести. Повеќе од 310.000 Евреи оттаму беа испратени во логорите на смртта, каде што беа убиени во гасни комори. 1942 година во Бихаќ, во Втората светска војна, е основано Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Југославија. На Заседанието 54 делегати го избраа Извршниот одбор - АВНОЈ на чело со д-р Иван Лола Рабар. 1965 година Франција го лансираше својот прв вештачки сателит. 1983 година умре Евгени Савов, судија на Врховниот суд на Македонија и долгогодишен соработник на весникот "Нова Македонија".