1917 година родена е Индира Ганди, претседател на индиската влада од 1966 до 1975 и од 1980 до 31 октомври 1984 година кога е убиена пред нејзината резиденцијата во Њу Делхи, од страна на тројца припадници на најзината лична гарда. 1920 година во Битола е роден Бранко Зарески, македонски поет, критичар и еден од доајените на македонското новинарство. Умре во Скопје, на 4 мај 1979 година. 1946 година во Париз е отворена првата конференција на УНЕСКО (специјализирана агенција на Обединетите нации за образование, наука и култура). 1969 година моделот на американскиот вселенски брод „Аполо 12“ со астронаутите Чарлс Конрад и Ален Бин се спушти на Месечината. 1991 година пратениците на Собранието на Република Македонија едногласно донесоа Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава. 1998 година конституирано е третото (второ по осамостојувањето) Собрание на Република Македонија. За претседател е избран Саво Климовски. 2004 година умре британскиот научник Џон Вејн, кој во 1982 година ја доби Нобеловата награда за медицина за откривање на начинот на делување на аспиринот.