Се во Едно WEB за Вас



Назад
150
денари


Само 1/3 од мажите ги мијат рацете во тоалет!



Луѓето најчесто ги мијат рацете после користењето на тоалетот доколку сметаат дека некој или нешто ги гледа, односно воглавно тоа најчесто го прават од срам. Научниците открија дека жените во тој поглед се многу поисполнителни од мажите. Во јавните тоалети ширум В.Британија се поставени пораки кои потсетуваат на нужноста од миење на рацете со сапун. При тоа е забележано дека тоа го направиле 250.000 луѓе кои мислеле дека ги набљудуваат сензори, а при тоа сапун користеле само една третина од мажите. Сакајќи да ја откријат делотворноста на пораките, научниците во јавните тоалети поставиле пораки слични на следнава: „Водата не ги убива бактериите, тоа го прави сапунот.“ При тоа е откриено дека најделотворна била пораката: „Дали личноста до вас ги мие рацете?“. Токму оваа порака предизвикала поголема зачестеност на миењето на рацете за цели 12 проценти.   
Исто така е забележено дека мажите реагираат на гадливи пораки како што е „Измијте ги рацете со сапун, или немојте, но подоцна јадете со нив“. Жените пак подобро реагирале на обични пораки кои служат како потсетници.

1100 посети
11/2/2010



123 movies
google maps embed iframe generator