Најпознатата манекенка Kate Moss и нејзиниот дечко Jamie Hince наводно го изговориле судбоносното "да" на тајна венчална церемонија во Сицилија.Извор близок до двојката даде информација на британските медиуми дека венчавката била интимна, но многу романтична.На размената на заветите присуствувале само најблиските роднини и пријатели. Новата брачната двојка по излегувањето од црква,го одиграла валцерот под голема крошна, а Mossin рокерот од бендот The Kills ја одбрал Сицилија како место за прослава на најважниот ден од нивниот живот бидејќи била доволно изолирана од медиумите и јавноста.
Шмин -кањето за оние кои носат наочари понекогаш знае да биде комплицирано,па затоа еве неколку совети за оние со ослабен вид. Шминка во согласност со рамките за очила
Ако носите рамки кои се незабележливи користете повпечатливи бои на сенки за да ги истакнете очите, а усните нашминкајте ги во неутрални бои. Ако пак вашите рамки се во боја, усогласете ги рамките со бојата на карминот, а очите нашминкајте ги дискретно. Ако пак Вашите рамки имаат некоја неутрална боја, можете слободно да користите посилни бои кои ќе ја освежат Вашата боја на лицето. За кратковидите
Ако сте кратковиди наочарите визуелно ги намалуваат Вашите очи. Затоа ви прилега драматична шминка и туш преку горниот очен капак. на овој начин ќе ги истакнете очите и ќе создадете впечаток на широко отворени очи. Потоа нанесете и неколку слоеви маскара, а карминот нека биде во неутрална боја односно бојата на сенката, за да не бидете премногу нашминкани. За далекувидите
На девојките кои носат наочари за далекувидост очите им изгледаат покрупни отколку навистина се. Понекогаш ова може да изгледа неубаво, а посебно ако сте склони кон црвенило во очите. Затоа внатрешниот раб на долниот очен капак исцртајте го со бело моливче. Посебно внимание посветете и на сенката и преоѓањето од една во друга нијанса бидејќи кај Вас тоа се истакнува. Нанесете маскара само во еден слој бидејќи трепките. Заради дискретно нашминканите очи, користете кармин во повпечатливи нијанси. Корисни совети
- На подочниците задолжително нанесувајте коректор бидејќи наочарите дополнително ги истакнуваат.
- Темни сенки користете само ако Вашите очи изгледаат крупни под наочарите.
- Ако очите Ви делуваат смалени нанесувајте повеќе слоеви маскара.
- Ако имате природно крупни очи, прескокнете ја маскарата.
- Секогаш користете маскара за волумен, а не за издолжување бидејќи долгите трепки ги допираат стаклата.
- Обликувајте ги веѓите и дополнително нагласете ги со моливче. Веѓите се многу важни кога носите наочари.
- Белотот моливче ги прави очите покрупни.
- Ситните очи за да изгледааат крупно треба да се нашминкаат со светликави сенки во светли нијанси кои се нанесуваат по целиот капак.
Најчеста дилема која ги " мачи" оние со рамни табани е дали можат да се занимаваат со физички активности без страв дека ќе се влоши состојбата. Исто така, страв од болка која како последица од рамни табани се јавува во долниот дел од грбот или колената, може да биде причина за намалување на физичката активност.Проблемот на рамни табани, односно делумно или потполно '"прилепување" на внатрешниот дел од стапалото за подлогата, може да се јави кај сите старосни групи и често пати е од генетско потекло. Рамни табани се лечат со носење на специјални влошки и со посебни вежби за истегнување, под надзор на стручни лица.
Најголем број луѓе со овој проблем немаат никакви тегоби.
Физиотерапевтите истакнуваат дека станува збор за биомеханички промени на стапалото, кои со текот на времето поради тежината која ја носат мускулите, тетивите и лигаментите, почнуваат да ги зафаќаат колената и долниот дел од грбот.
Поради тоа најдобро е да се зацврстат поважните групи на мускули, торзоа, квадрицепс (бутен мускул), а мускулите на листот и на задната ложа да се истегнуваат со лесни вежби кои ќе влијаат и на нивниот тонус.
Стучњакот за болни стапала и зглобови, доктор Вејн Едвардс нагласува дека рамните табани може да предизвикаат синдром на хипермобилност (преголема подвижност на зглобовите) особено кога пациентот ќе почне да чувствува болка во грбот и колената.
Потребно е да се пронајде вистинскиот причинител на болка, објаснува доктор Едвардс, и притоа да се бандажираат стапалата и со соодветни вежби да се зајакнат мускулите на телото.
Пејачката и нејзиниот сопруг и продуцент Swizz Beatz, го добија првото заедничко дете. Момчето е родено на 14 Октомври во една болница во Њујорк и беше крстено Idžipt (Египет), потврдила PR службата на парот. Алиша Кис (29) и Касим Дин (32) познат како Swizz Beatz, се венчале во јули, а романтичната церемонија беше одржана на брегот на Средоземното море.Продуцентот од претходните врски има три деца. Дин во четвртокот навечер на неговиот Twitter профил кратко напишал "фала му на Бога за се '" и се чувствува благословено.