Почитувана,
Доколку Вашето дете има македонско државјанство, на излез од државата треба да поседува македонска патна исправа.
Во спротивно може да се соочите со проблем. За време на престојот во државата можете да извадете патна исправа по брза постапка.
6/9/2021 Сочувај за споредба |
Согласно одлуката на ЕУ за либерализација на визниот режим со Република Северна Македонија донесена на 19 декември 2009 година, на државјаните на Република Северна Македонија им се овозможува безвизен влез и претстој до 90 дена, во период до шест месеци, во земјите потписнички на Шенгенскиот договор. 50 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Согласно член 243 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за сопственост и други стварни права (Сл. Весник на Република Северна Македонија, бр. 92/2008), ’’ Странски физички лица, државјани на државите членки на Европската унија и на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), можат со наследување да стекнуваат права на сопственост врз недвижни ствари на територијата на Република Северна Македонија под исти услови како и државјаните на Република Северна Македонија. 45 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Во врска со вашето прашање од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија го добивме следниот одговор, цитирам: Ве упатуваме на членот 9 од Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија ( Сл. весник на Република Северна Македонија број 67/1992, 20/2003, 46/2004, 73/2004, 19/2007, 84/2008, 51/2011, 55/2016), според кој ‘’Патниот лист е лична исправа која му се издава на државјанин на Република Северна Македонија кој останал во странство без патна исправа, само за враќање во земјата, како и на членот 17 од истиот закон според кој ‘’ Патниот лист го издава дипломатско –конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во странство на државјанин на Република Северна Македонија, кој во странство останал без патна исправа’’. За подетални информации околу издавањето на патниот лист, лицето е потребно да се обрати до надлежното конзуларно претставништво на Република Северна Македонија во странство. 47 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Согласно одлуката на ЕУ за либерализација на визниот режим со Република Северна Македонија донесена на 19 декември 2009 година, на државјаните на Република Северна Македонија им се овозможува безвизен влез и претстој до 90 дена, во период до шест месеци, во земјите потписнички на Шенгенскиот договор. 40 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
1. Дали смеам да возам во Р.М. со таа возачка (моментално колата ми е со косовски таблици)? 1/26/2021 Сочувај за споредба |
Ве известуваме дека за вашето прашање обратете се до Дипломатско Конзуларното Претставништво на Република Северна Македонија во Њу Јорк, за да прашате дали уште функционираат мобилните станици за добивање на патна исправа на Република Северна Македонија во САД. 49 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Согласно член 243 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за сопственост и други стварни права (Сл. Весник на Република Северна Македонија, бр. 92/2008), ’’ Странски физички лица, државјани на државите членки на Европската унија и на ОЕЦД( Организација за економска соработка и развој), можат со наследување да стекнуваат права на сопственост врз недвижни ствари на територијата на Република Северна Македонија под исти услови како и државјаните на Република Северна Македонија. Во истовреме ве известуваме дека иако добивате отпуст од државјанството на Република Северна Македонија не го губите правото на старосна пензија. Напоменуваме дека вие можете да поднесет бараење за повторен прием во државјанство на Реублика Северна Македонија по поминати на најмалку 3 години од денот на отпустот до денот на поднесувањето на барањето за повторен прием. 48 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Бидејќи најголем број од поставените прашања се однесуваат за добивање државјанство ве упатуваме да го погледнете УПАТСТВОТО КАКО ДО ДРЖАВЈАНСТВО 27 посети1/26/2021 Сочувај за споредба ![]() |
Голем број од поставените прашања се однесуваат на признавање на ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ , и во врска со тоа Ве известуваме дека од Министерството за внатрешни работи го добивме следново известување: Република Северна Македонија има склучено договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со следниве држави: Италија, Шпанија и Албанија. Исто така во завршна фаза се преговорите со Австрија за возачки дозволи од Б категорија, со Германија, Австралија, Нов Зеланд и Словенија за сите категории од возачката дозвола. Иницирано е склучување на ваков договор и со соседна Србија. Исто така голем број од поставените прашања се однесуваат на ВАДЕЊЕ ВИЗИ И БАРАЊЕ РАБОТА во странство ве известуваме дека Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија не посредува при добивање било какви визи, ниту при вработување во странство. Северна Македонија, како и многуте други земји со долга иселеничка традиција нема прецизни податоци за бројот на своите иселеници, додека пак Македонците во соседните земји не потпаѓаат под ингеренциите на Агенцијата за иселеништво, бидејќи тие во земјите каде живеат се национални малцинства. За нив грижа води Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. 27 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
1/26/2021 Сочувај за споредба |
За лица постари од 27 години пасошот се издава со рок на важење од десет години, за лица на возраст од 4-27 години, пасошот се издава со рок на важење од 5 години, за лица до навршени 4 години живот, пасошот се издава со рок на важење од 2 години. При поднесување на барањето за издавање на пасош од граѓанинот се земаат биометриски податоци- фотографија, отпечатоци од два прста, како и своерачен потпис во дигитална форма. За малолетни лица до 12-годишна возраст не се врши земање на отпечатоци од прсти. 22 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
1/26/2021 Сочувај за споредба |
1/26/2021 Сочувај за споредба |
1/26/2021 Сочувај за споредба |
За упис на новороденче и издавање на извод од матична книга на родени (за новороденче) потребни документи се:
НАПОМЕНА: Раѓањето на дете се пријавува во рок од 30 дена од денот на раѓањето, во матичното подрачје на кое се родило детето. 7 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Треба да поднесете барање за запишување во книгата на родени и регистарот на државјани во матичната служба во местото на живеење на родителот кој е државјанин на Република Северна Македонија. Ако сте во странство, раѓањето треба да го пријавите во најблиската амбасада или во најблискиот конзулат на Република Северна Македонија. 8 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
По раѓањето, Вашето дете стекнува државјанство на Република Северна Македонија, доколку барем еден од Вас родителите е државјанин на земјата. Односно, Вашето дете стекнува државјанство на Република Северна Македонија со потекло кога ќе бидат исполнети следниве услови:
Доколку вашето дете се роди во странство, а само еден од вас е државјанин на Република Северна Македонија, тогаш вашето дете ќе стекне државјанство, доколку:
Забележете дека, доколку другиот родител е непознат или со непознато државјанство, Вашето дете ќе стекне државјанство на Република Северна Македонија со потекло, независно од тоа каде е родено! 10 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
1/26/2021 Сочувај за споредба |
ДРЖАВЈАНСТВО е правна врска меѓу Вас и државата и не го означува Вашето етничко потекло Согласно Уставот, државјанството на Република Северна Македонија е уредено со закон и не може да се одземе. Законот со кој се уредува државјанството е Законот за државјанството од 1992 година изменет и дополнет со Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството од 2004 година. 10 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
За запишување на дете во МКР (матичната книга на родените) на Република Северна Македонија потребно е:
1/26/2021 Сочувај за споредба |
1/26/2021 Сочувај за споредба |
1/26/2021 Сочувај за споредба |
Доколку планирате да останете подолго од три месеци, да се вработите или пак да студирате во временски период подолг од 90 дена, имајте предвид дека пред вашето заминување, мора да поднесете апликација за виза за долг престој, дозвола за престој или работна дозвола во амбасадата или конзулатот на земјата во која ќе патувате. Работа или престој во Шенген-зоната без претходно обезбедена национална дозвола за работа или престој се незаконски. 11 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Не постојат дополнителни финансиски или административни услови кои треба да ги исполнуваат лицата кои поседуваат биометриски пасош за да патуваат слободно во земјите од Шенген-зоната. Меѓутоа, вообичаените услови за влез на сите државјани на други земји кои патуваат во Шенген-зоната се применуваат. На граничните премини, на патниците може да им бидат побарани докази дека располагаат со средства за тоа патување, како и со средства со кои ќе се издржуваат во текот на престојот во Шенген-зоната. На патниците, исто така, може да им биде побарано да покажат каде ќе престојуваат (на пример, хотелска резервација или адресата на која ќе престојуваат). Покрај тоа, патниците не треба да се сметаат за закана за јавниот ред, јавното здравје или внатрешната безбедност, и не треба да се лица за кои се доставени предупредувања за одбивање на нивниот влез во земјата (на пример заради претходно пречекорен период на престој или други причини). 8 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Да. На државјанин на Република Северна Македонија може да не му биде одобрен влез во Шенген-зоната доколку не ги исполнува потребните услови. Во таков случај, засегнатиот има право на образложена одлука во писмена форма, издадена од овластен орган, како и право на жалба на одлуката што не го одложува нејзиното извршување. 11 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Да. На државјанин на Република Северна Македонија може да не му биде одобрен влез во Шенген-зоната доколку не ги исполнува потребните услови. Во таков случај, засегнатиот има право на образложена одлука во писмена форма, издадена од овластен орган, како и право на жалба на одлуката што не го одложува нејзиното извршување. 10 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Краткорочен престој е престој на странец со виза или без виза, во траење не подолго од 90 дена во кој било период од 180 дена, а кој период му претходи на секој ден на престојот, доколку со закон или со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено. 10 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Не. Согласно со одлуката на ЕУ за либерализација на визниот режим со Република Северна Македонија донесена на 19 декември 2009 г., на македонските државјани им се овозможува безвизен влез и краткорочен престој до 90 дена, во период до 180 дена, во сите земји членки на Европската Унија, освен Велика Британија и Република Ирска. Одлуката ја применуваат и државите потписнички на Шенгенскиот договор: Исланд, Норвешка и Швајцарија. Напоменуваме дека за влез во Велика Британија и Република Ирска е потребно да се обезбеди соодветна виза пред патувањето. Ако често патувате во Шенген-зоната, ваша е одговорноста да го пресметате преостанатиот број на денови од шестмесечниот период. Оттаму, може да остварите повеќе кратки патувања, под услов дека времетраењето на сите тие патувања да не е подолго од вкупно 90 дена во период од 180 дена. За престој подолг од 90 дена, потребно е државјаните на Република Северна Македонија да аплицираат за долгорочна виза или за дозвола за престој. 12 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Државјани на Република Северна Македонија можат да патуваат со важечка лична карта во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. 7 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Согласно Законот за границите на ЕУ и земјите потписнички на Шенген договорот (Schengen Borders Code), странец кој има намера да престојува во земјите членки на ЕУ и Шенген, ќе влезе доколку поседува валидна патна исправа или друг документ пропишан за преминување на надворешната граница. Патната исправа треба да ги задоволува следниве критериуми: 1)да е важечка најмалку три месеци по планираниот датум на заминување на странецот од територијата на земјите членки на ЕУ и потписнички на Шенгенскиот договор и 2) да е издадена во претходните 10 години. Од страна на некои прекуокеански држави при влез или за добивање виза се бара патната исправа да е важечка најмалку шест месеци по планираниот датум на заминување и затоа советуваме навремено да ја контактирате најблиската амбасада или конзулат на земјата што имате намера да ја посетите. 8 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Согласно член 243 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за сопственост и други стварни права (Сл. Весник на Република Северна Македонија, бр. 92/2008), ’’ Странски физички лица, државјани на државите членки на Европската унија и на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), можат со наследување да стекнуваат права на сопственост врз недвижни ствари на територијата на Република Северна Македонија под исти услови како и државјаните на Република Северна Македонија. 49 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Конкурсот за наставници кои ја водат наставата по македонски јазик во иселеништвото го објавува Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, за одговор на Вашето прашање обратете се до надлежното Министерство 44 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Ве известуваме дека иако добивате отпуст од државјанството на Република Северна Македонија, матичниот број останува истиот. 45 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |
Согласно Царинскиот закон, не се предвидени ослободувања од плаќање на царински и други давачки при увоз на употребувани моторни возила и предмети за домаќинство од страна на физички лица. Царинските давачки се наплатуваат согласно Законот за царинска тарифа и се објавени на веб страна на Царинска управа на Република Северна Македонија на следниот линк www.customs.gov.mk 26 посети1/26/2021 Сочувај за споредба |