Обликувањето на косата со помош на гел не и штети на самата коса, но може штетно да влијае на кожата на главата.
Имено, секој гел се изработува од одредени видови смола и вода, па секој допир со кожата може да предизвика јадеж, пренадразнетост, црвенило или првут. Затоa при нанесувањето на гел потрудете се истиот да го нанесувате на косата, а не на кожата на главата.
Опаѓањето на косата и алергиите не можеме да ги поврземе со овој производ за обликување, но факт е дека косата зацврстена со гел побрзо се валка бидејќи е леплива и ја задржува сета прашина и останата нечистотија.
Освен тоа, кога гелот ќе се засуши најчесто се појавуваат оние ситни бели топчиња од кои никако не можете да се ослободите освен со миење на косата.
|