Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


По повод завршувањето на учебната 2020/21 година, на учениците кои посетуваа дополнителна настава на македонски јазик во Локарно, им беа доделени потврди и книги. Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Муралто д-р Стефано Џиларди. Во училишниот двор на училиштето ,,Скуола елементаре ди Муралто" беше организирана приредба на која настапија учениците со рецитал, пеење на македонски песни и македонски ора. Во рамките на програмата беше одбележана и 100 годишнината од раѓањето на великанот Блаже Конески. Родителите на учениците и во оваа пригода подготвија македонски специјалитети и др. Им благодарам на родителите за несебичното ангажирање и дружбата што ја имавме. На учениците им посакувам убав одмор во родниот крај и ќе продолжиме наредната учебна година. Наставата е предводена од наставничката Ане Тимовска Митрева.
Дата: 6/15/2021