Солзи радосници имаше на лицето на триесет и
четири годишната Гордана Постолова кога во
Свети Николе на влезната порта од нејзиниот
дом се појави донатор. Трајче Папазовски,
исселеник во Швајцарија, на Гордана и подари
правосмукалка и 100 евра додека таа и
нејзините четири, од вкупно пет деца, со
неверување гледаа во него. Гордана сама избра
помеѓу понудените машина за перење алишта,
телевизор или друг вид на електричен апарат
за домаќинството, да и биде купена
правосмукалка. Неа и требаа и пари, како што
рече, затоа што нејзиниот сопруг Драган
осумаесет месеци не бил повикан на работа од
страна на кинеската фирма што го градела
патот Штип – Кочани.
|