Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


ЈАВЕН ПОВИК

 

Почитувани! Согласно надлежноста за помагање на културниот развој на иселениците, преку вклучување во Програмата на Струшките вечери на поезијата, Агенцијата за иселеништво секоја година ja доделува наградата „Стојан Христов“ за поетите иселеници.

 

За таа цел Ве замолуваме да ги известите членовите на Вашата организација кои се занимаваат со пишување на литературни дела и кои имаат издадено книга, збирка поезија, да се пријават во Агенцијата за иселеништво.

 

Книгите со кои ќе се конкурира ќе бидат оценети од страна на стручното жири при Струшките вечери на поезијата, а паричната награда ќе ја додели Агенцијата за иселеништво. Согласно Одлуката од страна на жири комисијата, наградата „Стојан Христов“ се доделува за книги објавени помеѓу две изданија на Струшки вечери на поезијата.

 

Заинтересираните поети, своите дела треба да ги испратат во Агенцијата за иселеништво до 1 јули 2021 година и тоа:

 

во електронска форма на info@minisel.gov.mk,

 

и печатено издание кое треба да се достави на следната адреса:

 

Агенцијата за иселеништво

Ул.Македонија бр.19

Скопје

 

Ви благодариме на соработката

Директор,

Слободан Близнаковски

 

Изготвил:Билјана Костова

Дата: 5/19/2021


Агенцијата за иселеништво Ви го честита Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј Историски и културолошки значајното дело на словенските просветители претставува огромен цивилизациски придонес за сите народи кои ги негуваат словенските традиционални и културни карактеристики. Поставувањето на темелите на писменоста на словенските народи е само дел од придобивките со кои нè задолжија сесловенските браќа Кирил и Методиј. Нивната благородна мисија денес обединува многу народи, кои преку писменоста како едно од основните обележја, вложуваат во промоцијата на сопствената историја, култура и традиција. Ова е значаен ден на кој се потсетуваме на вредностите на големите просветители на нивната посветеност, на нивните заслуги и нивниот придонес кои се од непроценливо значење за нашата и за други земји во Европа. Ден на кој го славиме нивното епохално дело – глаголицата, која стана основа за културен и цивилизациски развој на многу европски народи. Тимот на Агенцијата за иселеништво Ви го честита 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.

Дата: 5/24/2021