Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


За македонските љубители на убавиот пишан збор поетесата најави две нови книги\ Поетесата Ана Бунтеска имаше промоција на своја книга за деца во убавата Хрватска. „Шарени приказни“ е преведена од ученици, сега веќе студентки. Книгата не може да се најде во продажба, но истата ќе биде поделена во библиотеки и на ученици кои сакаат да го изучуваат македонскиот јазик. Бунтеска во оваа наше кратко интервју сподели детали за промоцијата и откри дали подготвува нови книги за љубителите на нејзиниот пишан збор и во нашата земја. * Имавте промоција на книга во Хрватска. Како помина истата, и дали тоа е ваша прва книга промовирана во таа убава земја? - Имаме многу убава и интересна соработка со Советот на македонското национално малцинство на град Загреб. Во 2018 година, со професорката Тинка Б. Крстева разговаравме за книга која што ќе биде двојазична и која ќе се користи за образовни потреби на учениците во средните училишта кои го изучуваат нашиот јазик по моделот Ц, по наставна програма која е одобрена од Министерството за образование на Република Хрватска. Таа книга беше компилација на песни од трите збирки издадени од Матица и имаше наслов “Волим те до неба и назад” и целокупниот превод беше од страна на учениците, како и илустрациите во неа. Еве, 3 години подоцна ја издадовме и детската книга “Шарени приказни”, која исто така е преведена од ученичките кои учествуваа во преводот на првата книга, а веќе се студентки (Карла Шкрлец и Грета Форко Краљ) додека илустрациите во неа се од Петра Стојкоски. Книгите не можат да се најдат во продажба, бидејќи идејата ни беше да бидат поделени во библиотеките и на учениците кои сакаат да го изучуваат македонскиот јазик, а не бидат издадени за комерцијални цели.
Дата: 4/26/2021