Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Како друштвото „Македонија“од Ешалан постои и опстанува повеќе од три децени ?

Друштвото е формирано во 1989 година.Во времето на бивша Југославија под името Југословенско Македонско друштво „Илинден“ од Ешалан. По осамостојувањето на Република Македонија, македонскиот народ имаше потреба од само организираност и така низ цела Швајцарија се формираа македонски друштва, а нашето друштво го промени името од М.Д.Д Илинден, во М.Д.Д Македонија со една цел да се промовира името Македонија.
Седиштето на друштвото се наоѓаше и се наоѓа во Ешалан, мало гратче кое се наоѓа северно од Лозана или западна Швајцарија на 670 метри надморска височина во убавата и плодна котлина во централниот дел од романскиот дел на Швајцарија. Во Ешалан живеат околу 450 граѓани од македонско потекло.
Уште од самиот почеток на основањето на Друштвото, желбата на македонскиот народ за обединување на овие простори беше многу голема, па така и бројот на членовите беше исклучително голем. Како едно од прво формираните друштва во Швајцарија беше силно водено од мотото за синхронизација на интересите на сите Македонци во Швајцарија. Односите на друштвото со општината Ешалан се на завидно ниво, во зградата на општината е изложена македонска Витрина каде е изложен „Пактот за Приjателство“ македонско знаме и најразновидни подароци во знак на пријателство. Епитетот на македонско друштвото долго време опстојува заедно со главната каректеристика кои ги има во логото и името на друштвото, намерите за прекин со работа на Друштвото и противречните шпекулаци за промена на името и промена на логото не им успеа.
МДД „Македонија“опстојува и работи. Сигурно ќе слушнете или прочитате поинаква верзија за оваа вистина (за што имаме разбирање), но фактите ја кажуват вистината за трајните вредности кои Друштвото ги има остварено во минатите 32 години. 

Дата: 4/13/2021