Дали некој друг ги виде прекрасните
слики проектирани на градското
собрание на улицата Пакингтон во
Џилонг? Овие се само неколку од многуте.
Секоја слика е придружена со кратка
порака снимена од сликаната личност, со
објаснување како се чувствуваат
носејќи традиционална национална
носија. Фантастична идеја. Организатор
е Диверзитет, како дел од Пако Феста 2021 Фестивалот на храна, што веќе 40 години се организира како годишен настан.
На првата слика е нашата прекрасна
Лили, која ја претставува
Македонската православна општина и
МКУД „Бисер" од Џилонг.
|