Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија.
Затоа, во наредните продолженија ќе бидат претставени македонски секции кои имаат посебно место во културно-образовните процеси на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ од Торонто
|