Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Иван Трпоски е познат општественик  и творец во Сиднеј,  кој повеќе децении активно е вклучен во повеќе македонски организации каде несебично работи за доброто на Македонците во метрополата на Нов Јужен Велс и пошироко. Toj е роднокраен автор кој од 1979 година е член на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, како и член во Издавачкиот одбор на списанието „Повод“ и долгогодишен библиотекар и архивар во библиотеката „Григор Прличев“.

Покрај неговата активност во Литературното друштво „Григор Прличев“, Трпоски активно бил вклучен во повеќе македонски организации. Тој е познат новинар и е дописник  на многу весници, списанија и портали во Македонија и Австралија. Со своја поезија и реферати учествувал на многу собири, со кои го поткревал духот на Македонецот да опстои на далечните австралиски простори.

Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1988 година, и член е на  Здружението на новинари на Македонија од 1995 година. Автор е на повеќе книги, иницијатор е за организирање на многу манифестации и активности на Македонците во Австралија.

Дата: 2/12/2021