Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Осумнаесетгодишната Стефанија Гаштарска од Скопје испиша историја за македонскиот балет како прва Македонка што стана дел од ансамблот на славниот „Бољшој театар“.

На сцената на рускиот театарски бренд во Москва таа првпат настапи уште пред две години како солистка, за сега да добие и ангажман од директорот, избирајќи ја заедно со уште шест девојки и едно момче по испитниот час на истоимената академија под капата на театарот „Бољшој“.Гаштарска е бренд-амбасадор на компанијата „Гришко“, која ги прави светски познатите балетанки. Има завршено основно музичко училиште во „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, а средно во Русија прво една година во Перм, а потоа уште три во академијата „Бољшој“.

Дата: 1/24/2021