Ернесто Талви економист и политичар со потекло од Македонија, од март минатата година е нов министер за надворешни работи на Уругвај.
Неговиот татко Мануел е роден во Македонија во семејство на Евреи, а мајка му Сузана е кубанска имигрантка, исто така од еврејско потекло. Мануел на 20 години дошол во Уругвај, бегајќи со братучедите од холокаустот, во кој ги загубил обата родители и трите сестри. Ернесто е роден во Монтевидео.
|