Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Лос Анџелес,  - Анџелина Џоли наскоро ќе се појави во 3Д формат во улогата на египетската кралица Клеопатра, пренсе Си Ен Ен. Режијата на филмот најверојатно ќе му биде доверена на Џејмс Камерон, кој по успехот на „Аватар“ планира и ова остварување да го претвори во високобуџетен 3Д визуелен спектакл. Интерес за филмот покажа и продуцентската куќа „Сони Пикчрс“, на кој и се допадна изборот на Џоли, за која сметаат дека е „родена за оваа улога“.Неодамна запрашана дали би ја играла кралицата на Нил, славната актерка едноставно одговори дека „би била почестена“. -Сакаме да ја откриеме вистината за Клеопатра, да ја прикажеме како лидер, а не како секс симбол, што таа всушност и не била, изјави Џоли. -Клеопатра немала многу љубовници, можеби само двајца кои всушност се татковци на нејзините деца, објасни таа.

Дата: 10/21/2010