Популарната актерка од "Очајни домаќинки" Ева Лонгорија во ток-шоу Ellen DeGeneres со ентузијазам зборуваше за Хрватска, која ја посетила минатото лето со нејзиниот сопруг Тони Паркер.На него тоа не му била прва посета на убавата Хрватска. "Бевме во Хрватска, за која немав поим каде се наоѓа.Постојано го прашував Тони каде патуваме,постојано мислев дека мисли на Русија а тој повторуваше Хрватска!’’ Тоа беше совршенo, патувавме со брод, и на денот на нашата годишнина Тони ме изненади и ме однесе во еден дворец каде што јадевме чудна храна. Тоа беше навистина слатко ", рече Ева Лонгорија во ток-шоуто, Ellen DeGeneres, опишувајќи како со Тони Паркер (28) ја прославија својата трета годишнина од бракот. Таа додаде дека Хрватска има богата историја и дека одлично ја приготвуваат италијанската храна, затоа што долго време биле под нивна власт.
|