Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Грижливо негувана коса која блеска со ѕвезден сјај и делува како да е испрскана со светкав спреј, се сложува се секој моден стил. Без разлика на должината и обликот на фризурата, сјајната коса никогаш не изгледа здодевно.
Супер модерен сјај може да има само здрава коса, па затоа е многу важно да се одберат соодветни производи за нега. Така, обоената коса треба да се мие со специјални шампони, оштетената коса треба редовно да се негува со хранлива маска, а кадравата коса со крема за кадрава коса. На тој начин површинските испукувања на влакното ќе се затворат и подобро ќе ја рефлектираат светлоста. На крај не заборавајте да нанесете регенератор за сјај без измивање и косата да ја исчешлате со широка и густа четка во правец на растењето на влакната.
Иако со помош на пеглата за коса можете да ги израмните и најтврдокорните локни, со долготрајна употреба на овој апарат косата трајно се оштетува и го губи сјајот. Па зато косата пеглајте ја само повремено за некои специјални прилики.

Дата: 12/4/2010