Нежните и меки усни се вистински индикатор за убавина. Со оглед на тоа дека кожата на усните многу брзо се суши, а посебно во зимски услови, потребно е на усните да им се посвети посебна нега.
Независно од тоа дали Вашите усни се суви и испукани заради зимските услови или пак заради стрес и нервоза, следните неколку совети ќе Ви помогнат да ја вратите нивната убавина, а можат да делуваат и превентивно.
– Редовно нанесувајте природни балсами за усни;
– Не ги оближувајте усните;
– Усните можете да ги заштитите и во кујната, намачкајте ги со природен путер и оставете го да делува половина час;
– Пред да нанесете кармин, нанесете природен балсам како основа;
– Вреќичката црн чај, извадете ја од топлата вода и држете ја благо притисната на усните неколку минути, на тој начин ќе ја подобрите природната хидратација на усните;
– Пред спиење секогаш отстранете го карминот и нанесете природен балсам.
|