Пастата за заби може да Ви помогне да го изгубите вишокот на килограми, открија неодамна американските научници. Кога ќе почувствувате глад, а знаете дека сеуште не е време за јадење, доволно е да ги измиете забите и така да го „залажете“ желудникот. Ако и тоа не помогне и покрај миењето на забите сепак почете да јадете, тогаш храната нема да Ви биде толку вкусна , па апетитот брзо ќе исчезне.
При тоа најефикасни во оваа метода на слабеење се покажале пастите со вкус на еукалиптус и ментол.
И за крај еве уште еден совет плус: додека јадете пуштете класична музика, која во просек го успорува темпото на жвакање и го продолжува оброкот за цели 15 минути.
|