Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Едно истраж ување пока жало дека мажите ретко самите си купуваат долна облека и дека за тоа воглавно е задолжена нивната мајка, девојка или сопруга. Мажите самите си купуваат долна облека во периодот додека живеат сами, без семејство – помеѓу 19-та и 36-та година, а подоцна таа “обврска” им ја препуштаат на девојката или сопругата. За време на детството и тинејџерските денови, тоа го прават нивните мајки – тоа е резултатот на истражувањето кое го спровел британскиот ланец на продавници Debenhems.
“Најмногу чуди фактот дека дури и оние, на кои малку им е гајле за “мачо имиџот”, оние кои се сметаат за “мажишта”, им препуштаат на жените да им ја изберат и купат облеката која е во најнепосреден контакт со нивната мажественост” вели претставникот на Debenhems, и додава:
 “Можеби фројдовската анализа на ваквото однесување би дала објаснување”.

Дека мажите не си купуваат самите долна облека забележале и во маркетинг агенциите, па така и рекламите за машката долна облека всушност им се обраќаат на женската популација. Згодните мажи во еротски пози, ги повикуваат дамите, а не мажите да купан боксерки, слип, класични....модели на своите момчиња и мажи.

 

Дата: 11/27/2010