Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Холивудскиот глумец Рајан Рејнолдс гордо ја понесе титулата најсекси маж за 2010 година, која ја доделува магазинот „Пипл“.
Убавиот актер истакна дека неговото тело изгледа совршено благодарејќи на секојдневните вежби, додавајќи дека поради оваа титула сигурно ќе се шегуваат членовите на неговото семејство, но и сопругата Скарлет Јохансон.
- Сега ќе ми речат: Еј, најсекси момче, ајде оди фрли го ѓубрето, се пошегува Рејнолдс.
Најголеми конкуренти на Рејнолдс, на листата на најсекси мажи според изборот на „Пипл“, биле Џон Хем и Келан Лутз. На листата се наоѓаат и Џон Бон Џови, Метју Морисон и други.

Дата: 11/25/2010