Холивудската ѕвезда Шон Пен е добитник на наградата за животно дело на овогодишниот филмски фестивал во Дубаи.
Познатиот глумец, чија кариера трае речиси три децении, глумел во повеќе од 45 филмски остварувања меѓу кои се „Мистична река“ (2003) и „Милк“ (2008), за кои е награден со Оскар за најдобра машка улога.
Претседателот на фестивалот во Дубаи, Абдулхамид Џума изјави дека Шон Пен е одличен и разновиден глумец, талентиран режисер и признат продуцент.
Тој ја прифати хуманитарната работа на Пен во корист на луѓето ширум светот, од Хаити преку САД до Ирак и Иран.
Наградата sdsaa на Шон Пен ќе му биде врачена на свеченото отворање на фестивалот на 12 декември.
|