Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Текстот на песната „Im only sleeping“,
што Џон Ленон ја напишал за Битлси,
на 15 декември ќе се понуди на аукција,
јавуваат агенциите.
Се претпоставува дека текстот ќе се продаде за сума меѓу 250.000 и 350.000 фунти, затоа што е пишуван лично од рацете на Ленон.

На продажбата која ја организира аукциската куќа Бонам ќе се најдат и двете награди за најдобар текст и музика, што овој славен бенд ги добил во 1964 година за песната „She Loves You“. Се проценува дека тие ќе бидат продадени за околу 40-50.000 фунти.
Во понудата ќе се најде и наградата за песна на годината за 1968, што Битисли ја освоија со нумерата „She's leaving home“, а за која Бонам процени дека чини 15-20.000 фунти.
Покрај ова ќе биде понудена и Леноновиот список со трошоци за мај 1968 година на која се наоѓа чек и сметки за лекарот кој го лекувал неговиот син Џулијан, вклучувајќи ги и исплатите на неговата тогашна баба.
Се проценува дека од продажбата на списокот ќе се соберат околу 15.000 фунти.

Дата: 11/25/2010