Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Во тек е постапка за подобрување на енергетската ефикасност во гимназијата „Ацо Русковски” во Берово. Активноста, како што информираа од Општината, е дел од реализација на проекти од енергетска ефикасност, преку кој е одобрена апликација за промена на столаријата во беровската гимназија. – Со овој проект предвидено е да биде извршена замена на надворешни и внатрешни прозорци и врати во објектот, согласно доставена проектна документација. Овој проект ќе биде реализиран во рамките на Програмата за намалување на аерозагадувањето на Влада на РСМ, за 2021 година, информираа од Општината. Оттаму додадоа дека активноста е резултат на постојаното аплицирање на јавните повици за реализација на проекти на Општина Берово, применувајќи ги современите трендови за заштита на енергија. – Целта, на оваа мерка, на Владата на Република Северна Македонија, е намалување на трошоците за енергенси, преку спроведување на мерките за ублажување на аерозагадувањето во земјата, а целокупната постапка до избор на најповолен понудувач, ќе се спроведува преку Генералниот секретарјат, при Влада на РСМ, додадоа надлежните од Општина Берово. Преку Програмата за намалување на аерозагадувањето на Владата на РСМ, за 2021 година, како што дополнија за реализација на активностите за промена на столаријата во гимназијата се обезбедени 1,7 милиони денари.

Дата: 6/3/2021