Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


  1. Барање за издавање на пасош, уредно и читко пополнето,
  2. Наплата на конзуларна такса
  3. Се приложува извод од Матична книга на родени или друг документ со фотографија,
  4. Лична карта ( на родителот- подносител)
  5. Доколку родителското право го врши еден од родителите, барањето го поднесува родителот на кого лицето му е доверено на чување и воспитување со согласност и од другиот родител, и доколку е потребно надлежниот орган ќе побара мислење од Центар за социјална работа, (согласност од мајка/татко/старател), доколку е потребно се бара и доказ за старателство, за лице кое е под старателство.
Дата: 1/26/2021


Во изминатиот период беше направена уште една фитнес зона во општина Карпош. Во населбата Карпош 1, во близина на основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“ поставени се справи за физички активности и рекреација на граѓаните кои живеат во околината. Во овој дел од населбата беше целоснo реконструирано игралиштето „Сокол“, а беше направен и нов маaлски парк на улицата „Иван Аговски“.Во меѓувреме, во завршна фаза се и активностите за целосно уредување на дворот на ООУ „Х.Т.Карпош“, кој добива ботаничка градина, повеќе зеленило и систем за наводнување.Локалната самоуправа континуирано вложува во изведба на спортски зони и маалски паркови по сите населби. Претходно, фитнес зони се изведоа и во Карпош 4 (долж бул. „Партизански одреди“), на Кејот (под спортско – качувачката карпа), во Карпош 3 (во рамки на спортско – рекреативиот центар „Лазо Трповски“). Уредени маалски површини, пак, добија населбите: Карпош 2 (кај Драмски театар), Карпош 3 (во ООУ „Лазо Трповски“), Тафалиџе 2 (кај последна „24 – ка“), Долно Нерези (кај „воените“ кули), Карпош 4 (на аголот меѓу „Љубљанска“ и „Партизански Одреди“).

Дата: 5/31/2021