Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Наставно и техничко-административниот кадар, заедно со учениците и родителите, со поддршка од Општина Карпош создадоа уредена зона во страничниот дел од училишниот двор на основното училиште „Братство“ во Тафталиџе 2, информира Општина Карпош. Еко-училницата е наменета за настава на отворено, родителски средби, како и реализација на работилници и вонучилишни активности. Основното училиште со оваа зона аплицираше на јавниот повик на Општината за најдобро уреден училишен двор или дел од дворот, при што го освоија второто место. Образовната установа доби парична награда од 30.000 денари, но најважно е тоа што го создадоа како трајна вредност на училиштето, велат од Општината. Еко- училницата е и една од заложбите на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богодев кој во повеќе наврати посочи дека со создавање на конкретни работи и со вклученост на ученици, наставници и родители како заедница, ќе се зголеми совеста за животната средина и јавните добра. Ваквите еко-училници или катчиња се креирани во сите десет основни училишта на територијата на општина Карпош.

Дата: 5/28/2021